×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Огнената“ група на ДУИ одржа средба со подржувачите во Куманово

    25.01.2023 11:42 | Оливера Пешевска

    Членови на високото партиско раководство на ДУИ, т.н. „огнена група“ синоќа се сретна со своите подржувачи и граѓаните на Куманово. 

    „Огнената“ група на ДУИ одржа средба со подржувачите во Куманово

    Средбата се одржа во големата сала во зградата на „Комитет“, а меѓу другите присуствуваа и Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта, се со цел да го слушнат мислењето на граѓаните и да добијат поддршка за нивните активности. 

    „Нашата порака до граѓаните на Куманово и пошироко е доколку сме во право да не подржат, ако не слободно да не критикуваат. Со молчење не се помага овој процес“, изјави пратеникот Изет Меџити по средбата.

     Тој смета дека само со демократизирање на партиите ќе се демократизира и општеството и државата. 

    Фракционерското крило во ДУИ е незадоволно од работата што ја извршува сегашното партиско раководство и неговите функционери. Тие бараат отчет за досега сработеното и ветеното.

    „Зборуваме за отчет и за нашата ревизија направена на егзекутивата и очекуваме да се соочат со граѓаните, а не со функционерите. Нивно е да одговорат на нашите критики и да докажат дека сработиле, да покажат што имаат направено во Куманово, Гостивар, Тетово. Само така можат да не убедат и граѓаните и нас дека тие се во право. Гледаме се`, само не работата што ја сработила ДУИ во владата на чело со Артан Груби“, категоричен е Меџити.