Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Ш.(21) од Куманово за сторено кривично дело „разбојништво“.
Пред два дена во 18.50 часот, на ул.„Перо Чичо„ во близина на трафика „Стела М“, пријавениот заедно со уште две непознати лица со употреба на физичка сила извршил разбојништво над вработената М.М. (20) одземајќи и 47.000 денари и чанта во која имало 650 денари. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другите двајца сторители.