Ограбена продавницата “Вицко“
05.03.2014 15:32
| KumanovoNews
Непознат сторител ограбил продавница, откако се заканил со пиштол дека ќе ја убие продавачката.

Кражбата се случила вчера во продавницата “Вицко“ на улица “Веселин Маслеша“ во населбата „Перо Чичо„. Крадецот влегол во продавницата и го вперил пиштолот кон вработената, по што го одземал дневниот пазар во вредност од 17.900 денари. Откако дошол до пленот избегал.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.