Мени

ОЈО Куманово врши увид на местото каде е пронајдено застеланото лице

26.09.2016 10:55 | KumanovoNews

Утринава на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, во една од станбените згради пронајдено е тело на маж со прострелна рана во главата.

ОЈО Куманово врши увид на местото каде е пронајдено застеланото лице

Веднаш на лице место е излезен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово кој раководи со увидот вршен од страна на екипи на СВР и обдуценти. Дадени се потребни наредби со цел утврдување на фактите и расветлување на настанот, - стои во соопштението на ОЈО Куманово.