×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 1500 првачиња треба да се запишат во кумановските училишта

    02.06.2020 12:52 | KumanovoNews

    Во основни училишта годинава треба да се запишат околу 1500 првачиња, кои се наоѓаат на списокот на школите, но се претпоставува дека дел од семејствата се отселиле. Минатата година бројката на деца за упис во прво одделние била слична со годинешнава, а на училиште тргнале само 1168 првачиња

    Околу 1500 првачиња треба да се запишат во кумановските училишта

    Основните училишта во земјава од вчера вршат упис на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 година. Оваа година уписот на учениците нема да биде на ист начин како претходната, поради коронавирусот.

    Согласно, препораките на Владата, освен потребните документи за упис, годинава родителите и нивните деца треба да бидат со заштитна опрема, бидејќи без маска и ракавици нема да им биде дозволено да влезат во училишните објекти.

    Во кумановските основни училишта во новата учебна година треба да се запишат околу 1500 првачиња, кои се наоѓаат на списокот, но се претпоставува дека дел од семејствата се отселиле од градот. Минатата година бројката на деца за упис во прво одделние била слична со годинешнава, а на училиште тргнале само 1168 првачиња.

    „Вкупната бројка на деца родени во 2014 и во јануари 2015 по список добиен од надлежната служба изнесува 1.693. Списокот е доставен до сите училишта кои што согласно реонизацијата евидентирале 1.505 деца, по реони или 188 деца помалку од вкупната бројка на родени во 2014 и јануари 2015 година. Колку вкупно ќе се запишат ќе се знае на крајот на месецот, откако ќе заврши уписот на 30 јуни“, вели раководителот на Секторот на образование Жика Крстевски.

    Директорот на ООУ „Крсте Mисирков“ во Куманово, вели дека годинава во нивното училиште ќе се запишат 150 ученици во 5 паралелки. Согласно уредбите на Владата, комисијата за запишување ќе биде на работното место од 9 до 12 часот.

    „Според протоколите, треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете, а потоа и растојанието од 2 метри, затоа ние на подот залепивме и налепници. Родителите и децата не треба да се групираат за време на паузата. Ние како училиште се потрудивме да поставиме и едукативни флаери при влезот, наменети за родителите. Секако, поставени се и дезинфекциски средства и за рацете и за обувките. Во текот на запишувањето, со детето ќе може да дојде само еден родител, за да не се прави дополнителен метеж и да може да се одржи препорачаното распојание“, додава директорот Јовановиќ.

    За родителите коишто не се во можност да го запишат детето, во овој временски рок, бидејќи се на работното место или пак некој од нив е заболен или во изолација, училиштето има направено електронска пријава којашто родителите ќе можат да ја пополнат од дома кадешто ќе треба да внесат лични податоци на детето и да остават контакт, за потоа да бидат контактирани од страна на училиштето.

    (Ф.Марковска)