Окта донираше возило за пожарна
Рафинеријата Окта денеска донираше противпожарно возило за Територијалната противпожарна единица од Куманово.

Се работи за возило кое е произведено во 1988 година и ќе придонесе за полесно обавување на работата на пожарникарите. Идната недела ова возило ќе биде ставено во функција.
Ова е еден знак на долгогодишна соработка помеѓу Окта и помеѓу општина Куманово, што денеска после толку време уследи со донирање на ова возило, за потребите на општината. Особено ако се има во предвид дека општината располага со одреден број на возила, кои не се доволни за опфаќање на сите работи кои би произлегле во летните периоди кога имаме доста интензивно пожари. Ова возило ни е добредојдено и се надеваме дека оваа соработке ќе продолжи - изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.
Командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски рече дека ова возило е поново од оние со кои располагаат, а ги имаат осум возила.
Во секој случај многу ни значи, добредојдено е возилото. Има носивост од 800.000 литри вода. Мислам дека возилото ќе ни биде од голема корист, но се надеваме дека нема многу да го користиме - рече Илиевски.
ТППЕ Куманово го покрива Куманово, Липково, а доколку е потребно помагаат и на колегите од општина Старо Нагоричане при гаснење на пожари.