Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оливер Цветкоски од Куманово е именуван за в.д.директор на Казнено поправната установа (КПУ) Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.
Цветковски е именуван на функцијата на вчерашната седница на Владата, а на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции.
„Изразувам благодарност до Премиерот Христијан Мицковски и Владата за укажаната доверба. Ветувам максимален ангажман, работа и посветеност во сузбивањето на криминалот и корупцијата. Македонија да ја направиме достоинствено место за живеење“, објави Цветковски.
Цветковски има завршено воена академија и магистрант е на Правниот факултет, за казнено право и криминалистика, вработен е повеќе од 15 години во Судската полиција, а на новата функција доаѓа од местото командир на Судска полиција во Основен суд Куманово. Член е на ОК ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ќе го замени досегашниот директор на затворот К`шање Ненад Цветковиќ.
Хамид Алитовиќ е именуван за в.д. заменик на директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.