×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оливер Спасовски на чело на преодната Влада

    03.01.2020 17:31 | KumanovoNews

    Собранието со 101 глас „за“ ја изгласа техничката влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 12 април. Преодната влада ќе ја предводи Оливер Спасовски, кој откако премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, попладнево го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски да ја формира новата влада.

    Оливер Спасовски на чело на преодната Влада

    Техничкиот премиер Спасовски од собраниската говорница, откако ги кажа имињата на министрите, порача дека врвен приоритет на овој владин состав ќе биде обезбедување на фер и демократски избори.

    „Силен предизвик е да ја предводам оваа влада која ќе обезбеди континуитет во работата, НАТО и ЕУ интеграциите. Денес имаме држава која набргу ќе застане рамо до рамо со членките на НАТО. Ни претстои и пат кон ЕУ, за завршување на реформите, но важен чекор пред прагот на ЕУ е организирањето на фер избори. Сакам да ѝ порачам на опозицијата дека одговорноста за спроведување на фер и демократски избори сега подеднакво е и ваша. Имаме одговорност да спроведеме избори како што и доликуваат на европска Македонија“, рече Спасовски.

    Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Собранието ќе се распушти 60 дена пред избори односно на 11 февруари.