Оливера Доцевска ќе ја промовира “Еден миг од времето“
Во Домот на култура “Лазар Софијанов“ во Кратово, утре во 12.30 часот ќе се одржи промоција на најновата книга " Еден миг од времето", на кумановската поетеса Оливера Доцевска.

Промотор на делото ќе биде м-р Трајче Кацаров. Оливера Доцевска, по професија адвокат, а воедно поетеса, преведувач, публицист, родена е во Куманово, на 5 март 1975 година. Магистрира меѓународни односи и дипломатија и е долгогодишен активист на граѓанското општество.
Од 2012 година е Член на Друштвото на писатели на Македонија , од 2014 година Претседател e на статутарна комисија на ДПМ, член на Собраниски одбор на ДПМ, и член на Сојузот на преведувачи на Македонија. Автор е на стихозбирките “Илузија за сон” од 2011, "Портокалова" од 2013," Сончица- Сончоглед – Сунцокрет" исто 2013, "Цветке Илузије“ во 2014 година и други дела.