×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Олуците и одводните цевки да не се приклучуваат на фекалната канализација, бараат надлежните

    18.06.2019 20:46 | KumanovoNews

    Граѓаните да не ја приклучуваат дождовницата од крововите и дворните места на фекалната канализациона мрежа, бидејќи таа е најчеста причини за излевање на водата и поплавување на внатрешноста на куќите и зградите.

    Олуците и одводните цевки да не се приклучуваат на фекалната канализација, бараат надлежните

    Ова денеска беше побарано од граѓаните на Куманово на вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), МВР, Територијалната пртивпожарна единица (ТППЕ), ЈП „Водовод“, ЈП „Чистота и зеленило“, АД Водостопанство и Црвен Крст.

     Главен проблем за поплавување во објектите се приклучените атмосферски води од крововите и дворните места во фекалната канализациона мрежа. Поради оптеретеност на мрежата, која патем е предвидена за одвод на отпадни води од кујни и тоалети, во ниските приклучни точки во мрежата доаѓа до излевање и поплавување во внатрешни простории. Апелираме до граѓаните за разумно постапување и исклучување на атмосферските води од крововите и дворовите и нивно спроведување на улиците, доколку нема атмосферска канализациона мрежа во непосредна близина. Со тоа ќе се растерети фекалната канализациона мрежа и ќе нема несакани последици, - стои во соопштението од состанокот.

    Истовремено, претставници од надлежените сектори при Општина Куманово, во наредниот период ќе вршат контрола во градот, со цел да се открие и раздвои атмосферска од фекална канализациона мрежа, а ЈП „Водовод“ Куманово во најкус можен рок треба да изработи техничко решение за проблемот со атмосферските води, од улиците кои се слеваат на „Октомвриска Револуција“ и ја оптеретуваат атмосферската канализациона мрежа.

     Екипите на јавните претпријатија ќе продолжат со чистење на поплавените подрчја и ќе помагаат во справување со евентуални нови поплави предизвикани од обилните врнежи.

    Во случај на нови поплави граѓаните ќе може да побараат помош на дежурниот телефонски број 195 на РЦУК, како и на 078365061, дежурен телефон на Општина Куманово.