Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ослободителната народна армија (ОНА) ја презеде одговорноста за подметнување на двете експлозивни направи во близина на полициските станици во Тетово и Куманово, објави Ина.
За три месеци ова е втор пат ОНА да презема одговорност за терористички акции кои се случуваат во Македонија. Засега МВР ја нема известено јавноста дали постои оружена група која под името ОНА дејствува во Македонија.
Пред две недели ОНА преку писмо до медиумите извести дека нејзини оружени формации патролираат во Тетово, а тоа го потврди и самиот заменик министер за внатрешни работи, Земри Ќамили.