Опожарена куќа во Клечовце
03.12.2025 11:44
| KumanovoNews
Голем пожар вчера зафати дел од куќа во кумановското село Клечовце.
Пожарот избувнал околу 9 часот, а бил локализиран во 13:15 часот.
„Интервенирано е на опожарена семејна куќа во с. Клечовце со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Пожарот ја зафатил кровната конструкција на објектот, при што е причинета поголема материјална штета. Причината за настанувањето на пожарот, како и точната висина на материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат“, информираа надлежните.
(Фото. архива)