Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови и симпатизери на СДСМ, заедно со останатите опозициони партии, синоќа од 18 до 18.30 часот ја блокираа раскрсницата на „Трета МУБ„ и „Народна револуција„, незадоволни од однесувањето на власта во Собранието при донесување на Буџетот.
На присутните граѓани им се обрати советникот Александар Арсиќ, директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски, претседателот на Советот Максим Димитриевски, секретарот на ОО СДСМ Мартин Костовски и пратеникот Оливер Спасовски. Сите побараа централната власт и премиерот Никола Грувески да си заминат од власт.
Она што го започнавме пред два дена во Скопје, го продолжуваме вечерва во Куманово и во наредните денови ќе биде уште помасовно и без страв. Така како што паѓаа сите диктаторски режеими, полека но сигурно ќе падне и овој диктаторски режим. Да се собереме и да покажеме силен отпор дека не се сложуваме со оваа политика и да упатиме јасна порака до граѓаните на Куманово дека сакаме слободна и просперитетна Република Македонија- рече пратеникот Спасовски.
Опозицијата вечерва во 18 часот закажа протест пред зградата на Комитет.