Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово од денеска воведува услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани, односно ќе им помога да се снабдат со потребните прехрамбени продукти и лекови, за да не излегуваат од дома и да се изложуваат на опаснот од зараза со корона вирусот.
- Сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид на помош можат да се јават на телефонските броеви 075 207 126 и 077 719 494, по што дежурен тим од општината ќе ги посети. Во најблискиот маркет или аптека ќе се набават и достават бараните производи, за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците, - велат од Општина Куманово.
Денеска ќе функционира еден тим, а од утре во соработка со Црвен крст ќе се организраат повеќе екипи кои ќе го покријат целото подрчја на општината и ќе им помогнат на сите кои имаат здравствени проблеми и живеат сами.
Општината Куманово досега постапува по сите препораки на Владата за заштита и справување со коронавирусот. Од петок го укина редовното работење со страки и воведе електорнска комуникација, го редуцираше јавниот линиски превоз и нареди дезинфекција на сите автобуси во градскио превоз. Како една од мерките во текот на изминатите два дена е миењето на улиците во градот.
Од Општината апелират до граѓаните да ги почитуваат препораките и законските одредби на Владата, како и препораките дадени од општината, да се однесувааат одговорно кон своето здравје и кон здравјето на сите во заедницата.
Во Куманово нема заразени од коронавирус, а со автобусот од Италија со кои допатуваа првите заразени во Дебар, патувале и неколку лица кои се симнале на автобуската станица во Куманово.