Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалното здружение на просветни работници ги прогласи најдобрите ученици на генерацијата во основните и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Свеченоста се одржа во Занаетчискиот дом каде беа доделени благодарници и признанија на сите ученици, како поттик да продолжат да го унапредуваат своето знаење и образование.
Оваа година учениците од општина Куманово добија позлатена монета со грбот на градот и ваучер.
„По иницијатива на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во просториите на Општината, на најдобрите претставници на уште една успешна генерација, кои го понесоа епитетот првенец, им беа доделени и монети со позлата и ваучери, со цел да продолжат да ја креираат иднината, која им припаѓа на оние кои веруваат во себе и во своите соништа. Наградите ги доделија секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски и претседателката Ивана Геогиевска, како и членови на Совет на Општината“, велат од Општина Куманово.
Признанието ученик на генерација се организира по повод 24 Мај - Ден на словенските просветители Кирил и Методиј, во организација на Здружението на просветни работници и Општина Куманово преку Секторот за образование.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk