10. 10. 2020 11:15

Општина Куманово ги повикува граѓаните заедно да ја планираат урбаната мобилност

Општина Куманово ги повикува граѓаните заедно да ја планираат урбаната мобилност

Општина Куманово ги повикува граѓаните заедно да ја планираат урбаната мобилност во градот, со тоа што ќе учествуваат во анкета, заради подготовка на План за одржлива урбана мобилност (ПОУМ).

 Граѓаните можат да се вклучат во анкета објавена на сајтот на Општина Куманово, со тоа што ќе одговорат на 20 прашања за сообраќајната состојба во градот, постоечката инфраструктура, паркинг просторот, градскиот превоз и др.

- За разлика од традиционалниот пристап на планирање, овој вид на планирање става посебен акцент на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот. Оваа анкета е втора во низата чекори со кои локалната самоуправа сака да го слушне вашето мислење, и со големо внимание да го преиспита секој ваш предлог. Зеднички со вас локалната самоуправа сака да ја изработи визијата на Планот за одржлива урбана мобилност, чија имплементација ќе биде гарант за поздрав и поквалитетен живот на секој граѓанин на Куманово. Ве молиме, да ја искористите оваа прилика и да го пополните овој анкетен прашалник, а ќе дадете мошне значаен придонес кон продолжување на процесот за урбано Куманово, - информираат од Општината.

Откако ќе заврши анкетата, приоритетите на граѓаните и нивните сугестии ќе бидат вметнати во планот за урбана мобилсност.

Линк до анкетниот прашалник  за урбана мобилност на Општина Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk