Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија Агрон Фазлији, потпишаа Меморандум за соработка, за остварување на активна соработка и размена на информации, со цел создавање на меѓусебно партнерство во насока на креирање на поволно деловно опкружување.
„Потпишаниот Меморандун, ќе овозможи поттикнување, поддршка, но и логистика во спроведувањето на сите облици на соработка од заеднички интерес. Понатаму, заедничко планирање и организирање на работилници, трибини, форуми, како и промоција на заедничките активности. Исто така, соработката ќе ја унапредуваме и во остварувањето на национални, регионални и меѓународни проекти“, потенцираше Димитриевски.
Соработката ќе се заснова на принципите на одговорност, транспарентност и меѓусебно информирање.
На неодамнешната промоција на етно одаја, занаетчиите побараа до локалната власт да им помогне да отворат сувенирница во централното градско подрачје, за да ги пласираат своите производи пред пошироката јавност и туристите.
(С.Н.)