×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе субвенционира 500.000 денари за селектирање на пластична шишиња и лименки

    15.01.2025 10:27 | KumanovoNews

    На пет фреквентни локации во градот ќе се постават вендинг машини  каде што граѓаните ќе можат да одложуваат пластични шишиња и лименки, а за тоа ќе добијат парични средства.

    Општина Куманово ќе субвенционира 500.000 денари за селектирање на пластична шишиња и лименки

    Општина Куманово за таа цел издвои 500.000 денари со кои ќе се покријат дел од трошоците. Субвенцијата за секое шише со по 0,5 денари.

    „За користење на овие средства сите заинтересирани граѓани би требало да инсталираат мобилна апликација во своите телефони и да имаат картичка од одреден маркет каде ќе се запишуваат т.н. зелени поени. Еден зелен поен се добива за собрано едно пластично шише или една лименка, а вредноста на секој поен е 0,5 денари. Подоцна акумулираните средства ќе можат да ги потрошат во маркетите од каде поседуваат картичка. Според определените средства ќе субвенционираме собирање на еден милион парчиња пластичен отпад или отпад од лименки“, објаснува Лидија Ланг Спасовска, раководителка на Сектор за комунални работи.

    Целта на овој проект е создавање на навики кај населението за селектирање на пластична и секаков друг вид амбалажа на производите, подигнување на еколошката свест и бенефитите во заштитата и унапредувањето на животната средина, економска добробит за граѓаните преку собирање на „зелени поени„ кои ќе се трансферираат во парична вредност и ќе се користат за ваучери за купување на производи, намалување на количините на отпад од пакување кој завршува на јавен простор на територија на општината а со тоа и намалување на трошокот на општината за собирање на истиот; и помагање во одржување на еколошки чиста општина.

    Општина Куманово за прв пат се приклучува на проектот „Паметно управување со отпад од пакување“, а се спроведува во соработка со Пакомак и во партнерство со Швајцарската амбасада во државата. Пакомак ја има обврската за поставување на овие машини, а точните локации се уште не се прецизирани.