Мени

Општина Куманово нема да прима странки до 24 март, комуникацијата ќе се одвива по телефон или електронски

12.03.2020 13:45 | KumanovoNews

 Општина Куманово од утре (петок), па до 24 март, нема да врши прием на странки во сите сектори и одделенија на општината, поради состојбата со корона вирусот, согласно мерките и препораките на Владата.

Општина Куманово нема да прима странки до 24 март, комуникацијата ќе се одвива по телефон или електронски

- Шалтерите во архивата за странки ќе работат секој работен ден од 10 до 14 часот, а од Општина Куманово апелираат до граѓаните при доаѓањето задолжително да ги  почитуваат и применуваат препораките на Министерството за здравство за одржување на хигиената и заштитата, - стои во соопштението од Општина Куманово.

Сите граѓани коишто имаат потреба од услугите во општина Куманово, може да се информираат и остварат контакт со вработените во Општина Куманово преку: официјалната интернет страница на Општина Куманово kumanovo.gov.mk, а за контакт може да ја искористат официјалната електронска пошта [email protected], како и фејсбук профилот на  Општина Куманово.

Телефон : 031 475 800  - Централна зграда

                              031 438 633  - Зграда на Катастар

                              031 414 375 -  Зграда спроти Градски Стадион;

                              031 475 812 -  Просторија на Совет во Општина Куманово

                              031 475 824 -  Архива