×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово обезбеди 4 милиони денари за справување со коронавирусот

    21.03.2020 17:25 | KumanovoNews

     На вонредна седница, Советот на Општината денеска донесе одлука за исплата на парични средства во висина 4 милиони денари од буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема и средства за дезинфекција за потребите на Општината.

    Општина Куманово обезбеди 4 милиони денари за справување со коронавирусот

    Градоначалникот Максим Димитриевски, кој воедно е командат на Општинскиот штаб за заштита и спасување, образложи зошто е неопходно што побрзо да се искористи финансиската резерва во општинскиот буџет која е предвидена за кризни состојби, а треба да послужи за непречено да се дејствува на терен.

    - Побарав да се свика оваа седница, бидејќи се соочуваме со сериозен  проблем. Ние како општина досега презедовме повеќе мерки, но со оглед на тоа што ги потрошивеме постоечките капацитети за дезинфекција и набавка на апаратура, неопходни ни се дополнителни средства како би можеле понатаму непречено да делуваме.  Општината сака со овие предвидени средства во износ од 4 милиони денари ургентно да набави едно возило за одржување на јавно-прометни површини и дезинфекција во вредност од  1.200.000 денари, 60 механички пумпи, 30 моторни пумпи, 200 (двесте) литри моторно масло за двотактни мотори,  средства за дезинфекција, средства за дезинфекција на раце, обувки и облека, заштитни маски, заштитни ракавици, опрема и потрошен материјал за дезинфекција и самоизолација и резервни средства во вредност од 1.200.000 денари, - објасни градоначалникот Димитриевски.

    Советниците независно од политичката припадност дадоа едногласна поддршка на предлогот и побараа локалната самопуправа да ги преземе сите неоходни мерки за што поефикасно справување со епидемијата. Истовремено ги повикаа граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата да избегнуваат масовни собирања и да седат дома, со што ќе го заштитата сопственото и здравјето на своите најблиски.

    - Апелирам до вас како членови на Советот и до граѓаните на Куманово, кои можат да работат од дома тоа да го сторат, оние што мора да одат на работа да бидат максимално заштитени. Ова особено важи за вработените во маркетите, во продавниците, во јавните служби, оние кои имаат контакт со граѓаните, да бидат заштитени со маски, ракавици и да користат средства за дезинфекција. Сите останати да го ограничат движењето и да ги одложат обврските, се во интерес на сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, - рече претседателата Мургашанска.

    Општина Куманово за евентуална потреба за сместување на заболените од коронависот е подготвена да отстапи три објеки и тоа ученичкиот дом, занаетчискиот дом и спортската сала.

      Советниците на денешната седница носеа маски и заштитни ракавици, а седницата се одржа во големата сала на Комитет, со цел да се испочитува предвиденото безбедно растојание.