Општина Куманово објави повик за Ноемвриска награда
Општина Куманово го објави повикот за пријавување на кандидати за доделување на Ноемвриската награда за 2025 година.

(Од доделување на наградата во 2022 година на свечената седница во Центарот за култура во Куманово (Фото:Кумановоњуз)
Наградата се доделува на истакнати поединци, претпријатија, организации, здруженија и заедници, кои имаат постигнати посебни резултати во работењето и делувањето во области на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Само поединечните награди се парични.
„По повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово и оваа година ќе ја додели традиционалата Ноемвриска награда, како израз на највисоко општинско признание шетосе доделува за осебни достигнувања во одредена област. Делото и достигнувањата на авторот и организацијата да се за Куманово. Право на предлагање на кандидати имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група гаѓани и поединци“, стои во соопштението.
Предлозите со образложение во писмена форма се доставуваат до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија во Општина Куманово. Рокот за пријавување трае до 31 октомври.
Наградите ќе бидат врачени на свечената седница на 11 Ноември.