×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се бара координирана акција од надлежните за заштита од пожари, најкритични точки Стари Лозја и Бавчи

    28.06.2025 15:18 | KumanovoNews

    Локалниот совет за превенција, вчера одржа состанок на кој било побарано сите надлежни институции да преземат конкретни мерки, со кои ќе се спречи појавата на пожари на отворено. 

    Се бара координирана акција од надлежните за заштита од пожари, најкритични точки Стари Лозја и Бавчи

    Во последниот период, речиси и да нема ден кога нема по неколку пожари на јавни површини, а како најкритични точки се населбите  Стари Лозја и Бавчи.

    Состанокот се одржал во Општина Куманово на иницијатива на градоначалникот Максим Димитриевски, а присуствувале претставници од Општината, СВР Куманово,  Територијалната противпожарна единица (ТППЕ),  Основно јавно обвинителство (ОЈО), Регионален центар за управување со кризи (РЦУК) и Дирекција за заштита и спасување (ДСЗ).
     
    На состанокот било договорено да се изготви оперативен план од страна на надлежните институции, за детектирање на предизвиците, намалување на бројот на пожарите, навремено дејствување и пронаоѓање на сторителите.

    „На состанокот беа донесени следниве заклучоци: заедничко делување на тимовите од Комуналната инспекција, СВР Куманово и членови на Советот на Општина Куманово, кои ќе ги посетат критичните делови на градот и ќе делуваат превентивно со локалното население. ТППЕ Куманово да обезбеди мобилна опрема за гасење на пожари (напртњачи и челични метли) и да ги стави на располагање на СВР Куманово, како би можеле дополнително со оваа опрема да ги задолжат своите тимови и при воочувања на овие пожари да бидат во можност да делуваат“, велат од  Општина Куманово.

     Во понеделник ќе се одржи состанок на Општински штаб за заштита и спасување кој ќе даде насоки за конкретно делување во следниот летен период, каде што, поради високите температури постои можност за појава на голем број пожари на територија на општина Куманово и регионот.

    „ЈП „Чистота и зеленило“ ќе отпочне со интензивни активности за расчистување на диви депонии во градот, каде постои ризик од пожари. Во тек на наредна недела да се одржи состанок помеѓу општина Куманово, СВР Куманово и сопственици на мотокултиватори, како создавачи на диви депонии, со цел да се спречи оваа појава“, се додава во соопштението.