×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе избира бренд на градот?

    15.01.2014 14:41 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе избира кумановски бренд по мислење на граѓаните.

    Општината ќе избира бренд на градот?

    Изборот ќе се организира на крајот на годината, а ќе го врши Секторот за локален економски развој, кој ќе ги утврди критериумите за учество.

     Во нашата програма предвидено е да има избор на кумановски бренд. Што точно ќе значи бренд треба да додефинираме и да направиме правилник или критериуми. Мислам дека оваа година ќе биде како избор на најдобар претприемач. Добро би било да вклучиме некои локални портали каде би можело да се гласа. На тој начин ќе го имаме мислењето на граѓаните - вели Зоран Павловски, раководител на секторот.

    На почетокот на минатата година Општината организираше избор на најдобра фирма во градот. На прогласувањето се најавуваше дека манифестацијата ќе стане традиционална, но оваа година изостана. Организаторите се правдаат дека одржувањето изостанало од оправдани организациони причини. За најуспешни фирми лани беа прогласени Екста-мени, Мега и Евро-колеџ.