×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината и „Куманово-гас“ ќе ги обезбедуваат гасните центри

    05.01.2016 09:48 | KumanovoNews

    Општина Куманово и јавното претпријатије „Куманово-гас“ размислуваат да постават обезбедување на гасните центри во градот.

    Општината и „Куманово-гас“ ќе ги обезбедуваат гасните центри

    Ова уследи откако во неделата беше предизвикана експлозија на гас со пиротехничко сретство во шахта на Градскиот кеј. Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека на ваков чекор се одлучиле поради безбедноста на граѓаните, бидејќи доколку дојде до оштетување на гасоводната мрежа може да има катастрофални последици по системот и луѓето.

    „Сега сме имале среќа бидејќи заштитата на шахтата била адекватна и само е искривен капакот на шахтата, но во случај да се уништени заштитните вентили би можела да дојде до експлозија од поголема димензија.  Со менаџерскиот тим на „Куманово-гас“  направивме стратегија за понатамошно делување да ангажираме агенција за обезбедување. Така ќе биде малку посигурно , бидејќи се работи за енергетска маса која има експлозивно дејство. Тоа е исто како да дојдете и да фрлите петарда на бензинска пумпа.Без разлика кој и да е мотивот предупредувам дека тоа се инциденти со далекусежни последици“ - изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

    Тој апелира граѓаните да бидат внимателни, а родителите да влијаат врз децата за да не дојде до слични немили настани.

    Акцијата на полицијата е во тек и доколку се откријат сторителите, ќе се откријат и мотивите за настанатата експлозија. Засега првичната приказна е дека во новогодинешната еуфорија, граѓани фрлиле петарди во шахтата при што во допир со гас дошло до експлозија.