×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината најмногу трошела за изградба и реконструкција на улици

    14.11.2014 15:39 | KumanovoNews

    Од почетокот на 2014 година, до крајот на септември, општина Куманово најмногу пари потрошила за изградба на нови улици и реконструкција на постоечките.

    Општината најмногу трошела за изградба и реконструкција на улици

    На приходната страна реализацијата е 58 отсто, а на расходната страна е 54 отсто. Советниците од Коалицијата за подобра Македонија не се задоволни од она што е сработено, и ја критикуваа општината за бавната реализација на проектите.

     “Реализацијата се одвива со едно незадоволително темпо. Каде и да погледнеме секаде имаме потфрлање на реализацијата. Не сакам да споредувам со Штип, Скопје, Прилеп, мене ме интересира за Куманово“ - рече Мирослав Стојановски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

    Ирена Илиевска од секторот за финансиски прашања во општина Куманово, објасни дека во дадениот извештај не е внесен ребалансот на буџетот од претпоследната седница на Советот на општина Куманово. Како проблем ги посочи блок дотациите во образованието кои се ниски и доцнат по месец дена.

    “Блок дотациите и да се исплаќаат со 100 отсто динамика не се доволни. Дури денеска ја добивме блок дотацијата за октомври. Доцнење постои за месец дена. До 15 ноември требаше да примиме 11 блок дотации, а цела блок дотација од 70 милиони денари доцни“ - вели Илиевска.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека покачувањето на платите на административците за 4 отсто ќе претставува дополнителен финансиски товар за општината.

    Советниците на денешната седница на Советот на општина Куманово, го изгласаа кварталниот  извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за 3 квартал од 2014 година.