×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината си ги бара даноците

    20.07.2010 09:11 | KumanovoNews

     Сите правни и физички лица од Општина Куманово кои имаат  неплатени локални даноци и такси за минатата година треба да ги подмират најдоцна до 31 август годинава, апелираат од кумановската локална самоуправа.

    Општината си ги бара даноците

     Со оглед на тоа што даноците и таксите се еден од основните приходи од кои се финансира и зависи развојот на Општина ги повикувам граѓаните благовремено да се подмират обврските. Во спротивно од септември ќе се преземат активности за присилна наплата на истите преку попис на имотот, блокирање на жиро – сметките на фирмите, како и забрана на личните примања на граѓаните од трансакционите сметки кои се во рамки на законските прописи- вели Зоран Павловски, раководителот на Секторот  за даноци.

    На овие плаќања се подложни граѓаните кои се сопственици односно корисници на недвижен имот, куќа, стан, викендица и слично што се наоѓа на подрачјето на Општина Куманово. Данок на промет на недвижности и права за сите правни и физички лица кои исто така имаат примено решенија врз основа на пријавен промет, а со тоа и задолжение на истиот да го подмират долгот во што пократок рок.

    Треба да се плати и комунална такса за истакнат назив за деловна просторија за сите правни лица и трговци поединци кои обавуваат дејност кои имаат примено годишни решенија, а со тоа и задолжение за подмирување на заостанатиот долг по тој основ. Комунална такса за користење на простор пред деловните простории, тераси треба да подмират сите правни лица и трговци поединци кои обавуваат дејност а кои пријавиле и се задолжени за користење на простор пред својата деловна просторија во текот на годината, а при тоа заостанатиот долг од минатата година не го подмириле во целост.