×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините и локалните совети да бидат потранспарентни

    20.05.2015 11:46 | KumanovoNews

    Младите Европски Федералисти на Македонија спроведуваат проект со кој бараат општините и локалните совети да бидат потранспарентни кон граѓаните.

    Општините и локалните совети да бидат потранспарентни

    Општина Куманово на својата веб страна ги пренесува седниците на Советот на општина Куманово, но многу општини не нудат ваква можност за граѓаните. Од Млади Европски Федералисти објаснуваат дека во наредните месец дена до завршување на проектот, ќе имаат повеќе тркалезни маси на оваа тема, и ќе ги анализираат детално веб страните на општините, за да видат колку информации нудат за граѓаните и дали истите имаат превод на други јазици.

    “Целта на проектот е зголемување на транспарентноста за информации од јавен карактер, и ефективен граѓански ангажман при одлуките на општинските совети. Проектот е краток и трае два месеци. Се очекува да се зголеми свеста кај советниците и граѓаните за постојано доставување на информации од јавен карактер, и тоа ќе продолжи како традиција која ќе се негува“ - вели Сања Богатиновска, претседател на Млади Европски Федералисти на Македонија.

    Богатиновска вели дека споделувањето на информации од јавен карактер треба да  тече постојано, со што граѓаните ќе имаат можност да реагираат доколку нешто не е во нивна полза. Проектот го реализираат Млади Европски Федералисти на Македонија со пет партнер организации од повеќе градови.