Општинска делегација ја посети Јагодина
09.07.2013 14:10
| KumanovoNews
Делегација од Општина Куманово, предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски беше во дводневна посета на Oпштина Јагодина.

По повод славата раѓањето на Свети Јован Крстител, се оддржаа повеќе активности при што градоначалникот Зоран Дамјановски имаше чест да го отвори меѓународниот кик – бокс турнир на кој присуствуваше и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ. По приемот во општината од страна на претседателот Драган Марковиќ – Палма, двете делегации го посетија Музејот на восочни фигури, „Аква Парк“, Зоолошката градина „Тигар“ и градскиот стадион - информираат од Општина Куманово.