Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за финансии вчера ја блокирало сметката на Општината Куманово и повлекло 14 милиони денари за отплаќање на рата од кредитот на Европска банка кои ЈП „Водовод“, ги потроши за реализација на програмата МЕАП.
-ЈП „Вододвод“ има исплатено 60 одсто од долгот и ние побаравме дополнителни 30 дена за да ја платиме јануарската рата во висина од 250 илјади евра. Нашето барање не беше прифатено, и само по три дена сметката ни беше блокирана, а парите земени. Буџетот и онака е тенок и тешко се полни во оваа економска криза, но по се изгледа дека државата на секој начин гледа да ги намали капациитетите на локалните самоупрва за да не може да ги реализира програмските определби и развојната програма на градот - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Покрај од Куманово, сретства за истата работа се земени и од општините Струмица, Охрид, Струга, поради што градоначалникот ја обвини Владата за селективен пристап при спроведувањето на санкциониоте мерки.
- Имам сознанија дека Штип должи 90 милони денари по иста основа, но нивната сметка не е блокирана и не е платена ратата. Ова е само еден од примерите, а да не зборувам за тоа дека неодамна добивме казна по основа на неплатен персонален данок за авторски права на меѓународни изведувачи, кои ги плативме во државите на пејачите - рече Дамјановски.
Градоначалникот смета дека неможе владејачката гарнитура да реализираат само програми за изградба на споменици во Скопје, а во останатите градови, како во Куманово за пет години да нема ниту една капитална инвестиција.
-И граѓаните на другите градови не само од Скопје, заслужуваат да се инвестира и гради и во нивните средини, а не да се маргинализираат и да се претвораат во провинции - рече Дамјановски.
Доколку не се промени ваквата политика градоначалникот најави, дека засегантите општини ќе протестираат пред Владата.