×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општинскиот буџет за 2016 година изнесува 1.7 милјарда денари

    24.12.2015 15:29 | KumanovoNews

    Буџетот на општина Куманово за 2016 година  изнесува 1.7 милјарда денари.

    Општинскиот буџет за 2016 година изнесува 1.7 милјарда денари

    Тој на денешната 46-та седница на Советот на општина Куманово, беше изгласан, а дел од советниците негодуваа дека ова е буџет на желби за кој најверојатно во септември догодина ќе треба да се направи ребаланс.

    Имаме буџет кој е неразвоен, рестриктивен. Ние секогаш имаме желби, видувања, предвидувања кои не се во склад со реалноста - рече Драги Караџински, советник од ГРОМ.

    Ирена Илиевска од секторот за финансиски прашања вели дека не е точно дека буџетот не е развоен и дека и другите општини, па и државата прават ребаланс. Таа објасни дека 450 милиони денари се планирани за капитални инвестиции.

    Тие ќе бидат наменети за изградба на нови улици, за реконструкција на постоечките, за изградба на водоводна мрежа, за канализација, за изградба на прочистителни станици за речното корито, за довршување на градскиот базен, за сообраќајни студии, изготвување на урбанистички планови. Тековно-оперативните трошоци се наменети за функционирањето на општинската администрација односно на општината како и на јавните претпријатија. Тука се влезени сите програми кои се усвоени на претходните седници. Тука се влезени и социјалните категории - кажа Илиевска.

    Таа се надева дека догодина успешно ќе биде реализирана приходната страна, за да се реализира и расходната страна.