Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општините можат да ангажираат невработени лица за општинско - корисна работа за месечен надомест од 6000 денари за 6 месеци.
Преку проект на УНДП општините можат да ангажираат најмногу 10 невработени луѓе. Предвидено е невработените да работат со скратено работно време до 20 часа неделно и да придонесат за општо добро на градот, да стекнат знаења и вештини со кои полесно ќе најдат работа.
Општината може да аплицира со каков било проект кој подразбира грижа за жителите или за задоволување на некоја од потребите на жителите. Дали е тоа грижа за старите лица, за здравствена услуга, за предшколско образование за децата и жителите од руралните средини. Дали е тоа за некои услуги кои за првпат влегуваат во општината, за електронска документација бидејќи не секој тоа го разбира. Најважно е да се заведени како активни баратели на работа - изјави Снежана Мирчевска - Дамјановска, национален технички советник во УНДП.
Куманово досега не било опфатено со ваков проект. Оваа година се планира преку програмата да бидат ангажирани за општинско - корисна работа 50 невработени во повеќе градови. Предност имаат долгорочно невработени, социјално загрозени, самохрани мајки и слично. Избраните кандидати ќе треба да почнат со работа во октомври.
Програмата ја реализираат УНДП со партнерите Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување. Аплицирањето на проектот е од 9 до 16 септември.