×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ординациите преполни со пациенти, станува збор за сезонски грип или коронавирус?

    16.01.2023 10:13 | KumanovoNews

    Периодов има голем наплив на пациенти во кумановските здравствени установи кои пројавуваат симтоми на настанка, но дали станува збор за сезонски грип или коронавирус и како да ги разликуваме го прашавме д-р Бране Ивановски, доктор по општа медицина во Куманово.

    Ординациите преполни со пациенти, станува збор за сезонски грип или коронавирус?

    „Оваа недела има навистина многу пациенти, но наплив на заболени имаше и последните две седмици од месец декември, минатата година. Да се направи разлика момеѓу сезонски грип и ковид е многу тешко. Поголемиот дел од пациентите кои доаѓаат асоцираат на тоа дека се заболени од сезонски грип. Имат покачена телесна температура,течење на носот, сува кашлица, малаксаност, болки во мускулите. Навистина е тешко е да се издеференцира што е грип а што ковид“, објанува д-р Ивановски.

    За да се утврди точна дијагноза доколку кај пациентот има компликации со бронхопневмонија, д-р Ивановски препорачува задолжително да се направи ПЦР тест за да се даде соодветна терапија.

     

    Со погрешна употреба на антибиотици, се влошува состојбата и се намалува нашиот имунитет

    Пациентите особено треба да бидат прeтпазливи со употребата на антибиотици. Не треба да и земаат на своја рака, што за жал многумина тоа го прават. Најпрвин треба да се направи крвна слика, да се испита дали има покачување на ЦРП, а многу е битно да се види и колку е намалено железото и дали има наод на белите дробови. Врз основа на добиените резултати се прави проценка на состојбата на пациентот и се препишува соодветна терапија.

    „За жал, има многу пациенти, но и доктори, кои на дијагноза грип препишуваат антибиотици. Тоа е загрижувачки, се знае дека антибиотик се дава само доколку има компликации. Самиот антибиотик делува имуносупресорно и го намалува нашиот имунитет. Ако се даде антибиотик веднаш, а потоа се случи компликација, таа не би можела да се лечи со истите антибиотици, туку треба да се преземаат други мерки и друга соодветна терапија“, смета д-р Ивановски.

     

    Има и случаи позитивни на ковид

    Тој објаснува дека сепак има и случаи на ковид , дури и и во случаи кога пациентот ги нема сите вообичаени симптоми на вирусот.

    „Имавме еден случај на пациент со покачена телесна температура и болки по телото, без течење на носот, без кашлица, но сепак тестот излезе позитивен на ковид“, вели д-р Ивановски.

    При дијагностицирањето проблем е што луѓето во последно време и не сакаат да се тестираат и да направат ПРЦ тест за да се потврди дали се работи за ковид или за сезонски грип или некој друг вид настинка.

    „Дури и кога лекарите ќе констатираат дека во одредени случаи има потреба пациетите да се тестираат, тие го одбиваат тоа, најверојатно поради стравот дека ќе бидат во изолација одреден период“, објаснува нашиот соговорник.

     

    Вакцина против сезонски грип

    За заштита од сезонскиот грип, пак, д-р Ивановски апелира до сите кои спаѓаат во ризичните групи, особено повозрасните, лицата кои доживеале мозочен удар, болни со хипертензија, асматичари, дијабетичари, оние со срцеви заболувања, да примат вакцината за сезонски грип.

    Дури и во случај и да се разболат, симптоматологијата ќе биде полесна за нив. Тој нагласува дека за ваквата ситуација придонесуваат и временските услови, невообичаено топлото време за овој период од годината, како и загаденоста на воздухот.

     

    Препорака, како да се заштитиме 

    Ако сакаме да се заштитиме треба да ги применуваме антиковид мерките, носење на маски во затворен простор, држење дистанца, проветрување на просториите, престој на свеж воздух.

    „Внесувајте многу течности, витаминска храна, свежо овошје и зеленчук, цедени сокови. Од суплементи препорачувам витамин Ц и витмин Д како една редовна превентивна доза“, советува д-р Ивановски.

    Ивана Алексовска