Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прсти можат да се избројат земјоделците кои во кумановскиот регион се занимаваат со органско производство.
Општо познато е дека органските производи се поздрави, се огледуваат на природен начин, без употреба на пестициди и ѓубрива.
Во селото Старо Нагоричане има расадник со лековити билки и тоа невен, лаванда, боливач, камилица, рузмарин и други. Во Драгоманце и Дејловце има пчелари кои произведуваат органски мед. Порано имаше органски компири во некои села, но сега скоро и да ги нема. Во градинарството органско производство не се практикува. Органските производи се здрави, но растението кое не е прскано поинаку се развива и дава помал род - вели Живка Наумова, раководител во Агенција за поттикнување на развој на земјоделството.
Во други делови на земјава органски се одгледуваат овошки, житарици, и други култури, но во кумановско секоја наредна година обработливите површини се намалуваат бидејќи младите не се заинтересирани за земјоделство и бараат други извори за егзистенција.