×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Основците и полицијата ќе се дружат во Старо Нагоричане

    22.01.2013 14:36 | KumanovoNews

     Ученици од повеќе основни училишта во градот на 30 јануари, ќе се дружат со учениците од Општина Старо Нагоричане во рамки на проектот “Безбедни училишта“.

    Основците и полицијата ќе се дружат во Старо Нагоричане

    Целта на овој проект е децата од различни националности да се запознаат и да градат пријателски односи.

    Кога ќе видат лица во униформа децата знаат дека тоа е нешто посериозно од лист хартија и само зборување. Посетата е организирана со одделот за превенција од СВР Куманово и има придружба од униформирани лица. Децата се запознаваат со обичаите, навиките на другите, се прави една работилница, се запознаваат со друга Општина. Една посета на Липково веќе имаше, сега ќе ја посетиме Општина Старо Нагоричане. Проектот е интересен, децата се се поангажирани, повнимателни и обрнуваат внимание на работи на кои претходно не мислеле. Работилниците им се допаѓаат, поврзано е со училиштето, а сепак не е учење и тие се задоволни - изјави Марија Спасовска, координатор на проектот од ОУ“Браќа Миладиновци“.

    Со овој проект се опфатени основците од шесто до осмо одделение. Проектот го реализира полицијата и Министерството за образование.