Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците кои од оправдани причини го испуштиле првиот рок, екстерни тестови полагаат денеска.
Во нашето училиште денеска полагаат 10 деца од кои 1 е од одделенска, а другите се од предметна настава. Ќе полагаат македонски јазик, странски јазик, математика, физика, информатика и географија. Имаме набљудувач од надвор и комисија, тестирањето ќе трае од 9 до 12 часот - вели Лидија Костиќ, директор на ОУ “Христијан Карпош“.
Во ОУ “Браќа Миладиновци“ ќе полагаат 2 ученика, во ОУ “Вук Карџиќ“ само 1 дете, а во ОУ“Кочо Рацин“ и ОУ“Браќа Рибар“ во село Табановце сите деца положиле во првиот рок.
Остануваат уште 60 кумановски средношколци денеска и во понеделник да положат екстерни тестови за да добијат свидетелства.