×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетени шест автомобили додека се славеше албанското знаме во Куманово, едно лице приведено

    29.11.2024 11:01 | KumanovoNews

    Едно лице е приведено, затоа што не почитувало наредба на службено лице, а шест автомобили биле оштетни додека траела прославата на албанското знаме од 18 до 22 часот во централноо градско подрачје во Куманово, која не била најавена. 

    Оштетени шест автомобили додека се славеше албанското знаме во Куманово, едно лице приведено

    „Полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување нанаредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветенподнесок. Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од Закон за возачка дозвола. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

    Прославата на албанското знаме започна околу пладне со одржување на концерт на плоштадот во организација на Општина Куманово, а попладне продолжи по кумановските улици кога поголема група на луѓе, пеш или со возила со развирени албански знамиња го блокираа сообраќајот. Притоа извикуваа УЧК и удараа по автомобилите.

    (фото: социјални мрежи)