×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетениот мост на Липковка проблем за вработените во Расадникот

    27.04.2015 14:10 | KumanovoNews

    Расадникот на јавното претпријатие Македонски шуми во Куманово остана отсечен од градот, откако последните поплави сериозно го оштетија мостот на реката Липковка, кој го поврзува претпријатието со регионалникот пат Куманово - Липково.

    Оштетениот мост на Липковка проблем за вработените во Расадникот

    Од надојдените води целосно се поткопани и оштетни бетонските столбови, па дрвената конструкција може секој момент да падне. Вработените и граѓаните мостот го поминуваат по неколку штици, кои не се стабилни и не безбедни за движење.

    За жал тоа е единствената врска за комуникација и транспорт кон градот. Од другата страна на расадникот се ниви и од таму немаме никаков пристап ни пат. Покрај вработените, тука секојднаевно доаѓаат и граѓаните кои купуваат саден матерјал и огревно дрво од стовариштето. Се плашиме дека некој може да падне во реката движејќи се по мостот,- изјави Часлав Бојковски, референт во Македонски шуми.

    По мостот не можат да се движат возила, па сиот расаден матерјал од Расадникот работниците го носат рачно на другиот крај на реката.

    Од претпријатието кажуваат дека пред 5/6 години со сопствени сретства го поправиле мостот, откако и тогаш го однела водата. Сега немаат пари за таква инвестиција па бараат помош од општината Куманово и државата. Доколку поправката на мостот не се заврши што поскоро, може да предизвика нови поплави затоа што оштетените столбови го попречуваат нормалниот проток на водата.