Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на селата во општина Старо Нагоричане кои претрпеа штети од градот, почнувајќи од утре па се до 2 октомври можат да поднесуваат барања за проценка на штети.
Комисија за проценка на штети веќе е формирана во општината.
Во општината треба да подигнат барање, да приложат фотокопија од имотен лист, лична карта, трансакциска сметка или договор за закуп доколу обработуваат земјиште земено под закуп - вели Давор Арсиќ, портпарол во општина Старо Нагоричане.
Барањата ќе се примаат секој работен ден во период од 8 до 16 часот.