×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Осум паралелки од „Крсте“ и „Браќа“ ќе учат во зградата на гимназијата додека да се поправи кровот на нивното училиште

    01.09.2022 11:52 | Сузана Николиќ

    По четири паралелки од основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ од Куманово, учебната година ќе ја започнат во Гимназијата „Гоце Делчев“ и таму ќе останат додека да се поправи кровот на нивната училишна зграда.

     

    Осум паралелки од „Крсте“ и „Браќа“ ќе учат во зградата на гимназијата додека да се поправи кровот на нивното училиште

    Ваквата одлука ја донесе Советот на Општината, кој вчера даде согласност за времена реализација на воспитно- образовниот процес за дел од учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово и ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово во училишните простории на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.

    Кровот на училишната зграда на двете најстари училишта во градот протекува со години, па откако ни ова лето не се санираше нема услови за безбедна настава на учениците.
     
    „Во гимназиската зграда времено ќе учат во две смени ученици од нижите одделенија и тоа: 4 паралелки од трето одделение од „Крсте Мисирков“ и 4 паралеки од 5 одделение од „Браќа Миладиновци“. Сите ќе бидат на еден кат, со посебен влез и нема да имаат допир со средношколците. По најавата на Министертсвото дека се обезбедени средства се надеваме дека многу брзо ќе се поправи кровот и учениците ќе се врата во своите училишта“, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование во Општина Куманово.

    Владата пред два дена објави дека со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН годинава ќе обезбедат околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира крвот на објектот на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата. Постапката за избор на изведувач на градежните активности ќе започне следниот месец.  

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk