03. 08. 2020 14:03

Осум позитивни и еден оздравен од коронавирус во Куманово

Осум позитивни и еден оздравен од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во земјата. По градови: Скопје 14, Куманово 8, Штип 13, Гостивар 22, Берово 3, Виница 4, Свети Николе 3...

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128,  бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk