×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отишол да бара украдени пари, му пукале во возилото

    18.06.2013 12:37 | KumanovoNews

     Татко и тројца синови од селото Никуштак пукале од автоматска пушка и сакале да убијат нивен соселанец, затоа што барал да ги вратат парите што еден од синовите ги украл на брат му во Швајцарија.

    Отишол да бара украдени пари, му пукале во возилото

    Нападот се случил пред два дена околу 22.30 часот, кога Ќ.А.(32) од Никуштак со автомобил отишол во куќата на А.К.(32) за да ги бара назад 22.000 евра што тој ги украл додека бил на гости кај брат му во Швајцарија. На вратата излегол Ф.Љ.(66) таткото на А.К., кој почнал да се расправа, по што излегле и Х.Љ.(25) и Г.Љ.(23) и продолжиле да се караат со гостинот. Тогаш А.К. земал автоматска пушка и испукал неколку куршуми во возилото на Ќ.А.. Исплашен Ќ.А. избегал пеш и случајот го пријавил во полиција.

    Врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот на пријавените каде е најдена автоматска пушка и куршуми кои се предадени на вештачење.

    Со кривични пријави до Основното јавно обвинителство се спроведени А.К, Ф.Љ, Х.Љ и Г.Љ.  А.К сторил две кривични дела “убиство во обид“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Останатите се товарат за кривично дело “убиство во обид“.