Скршено сандаче за струја на Градскиот плоштад
28.12.2021 13:33
| Сузана Николиќ
Два дена стои скршено метално сандачето за довод на електрична енергија на семафорите на улицата покрај Градскиот плоштад во Куманово.

Граѓаните кажуваат дека оваа „сценографија“ стои тука од вчера наутро и го „краси“ плоштадот, откако во текот на ноќта некој ја стокмил.
Сандачето е оштетено и турнато на земја, а откорната е и бетонскиот дел. Од сандачето излегуваат откорнати кабли, кои претставуваат опасност за оние кои поминуваат тука.