Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новина во нивнито работење е плаќање преку трансакциона сметка, а не како досега само земање на матичен број и адреса од оние кои предаваат старо железо.
Откупните пунктови за старо железо во Куманово од вчера повторно профункционираа. Новина во нивнито работење е плаќање преку трансакциона сметка, а не како досега само земање на матичен број и адреса од оние кои предаваат старо железо. Целта е да се намалат кражбите на металните предмети и да се воведе ред во прометот со железо.
Ние имаме фискален апарат, и досега сме издавале фискални сметки. Во еден ден може да се собере и до еден тон железо. Најскап е бакарот кој се продава по 240 денари за килограм. Железото чини 10 денари, а алуминиумот е 45 денари од килограм. Можно е работата да се намали заради новите мерки- вели Драган Јаневски, вработен во отпадот “Еко штурац“.
Во Куманово има шест отпади и сите работат со приближни цени. Собраниот отпад од тука се носи на преработка.
Владата пред 2 месеци ги затвори отпадите за да го спречи откупот на крадено железо. По протестите на сопствениците, дозволи отпадите за старо железо да работат, но условите ќе бидат построги. Дивите трговци ќе се соочат со високи казни, а легалните ќе исплаќаат пари на трансакциска сметка. Отпадите мора да бидат надвор од населените места.