Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Х.И. вработен во полициската станица „Гошинце“ е отпуштен од работа, откако пред еден месец бил фатен како превезува мигранти во Куманово.
Полицаецот на почетокот на минатиот месец, додека не бил на работа, бил фатен во близина на стадионот на ФК „Башкими“ во Куманово како превезува 4 Пакистанци и двајца Авганистанци. По приведувањето во полициската станица, одземен му е службен пиштол „М57“ со две рамки и 18 куршуми и заврши во притвор за криумчарење мигранти.