×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отсекот за превенција во СВР Куманово успешно работи 13 години

    09.12.2021 15:03 | Сузана Николиќ

    Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска одбележа 13 години постоење и успешна работа.

    Отсекот за превенција во СВР Куманово успешно работи 13 години

    Началничката Виолета Богдановска, вели дека во 2008 година биле формирани како посебна организациска единица, во која ги добиле сертификатите за работа како први инспектори за превенција во државата.

    „Ние ги покриваме сите три области на полициско работење, јавен ред и мир, криминалистички работи и безбедноста во патниот сообраќај. Целна група се сите, од најмали до највозрасни граѓани, меѓутоа најмногу се застапени младите пред се преку повеќе проекти кои што ги опфаќаат сите три области. Превентивната работа е нешто што со еден ден не може да се покрене јавната свест и граѓанската совесност за безбедно однесување и темелите се во работа со помала возраст за да до одредена возраст веќе го постигнеме она ниво на кое што би сакале да биде сето тоа. На тој начин ќе се намали криминалитетот, ќе се подобри јавниот ред и мир и воопшто, безбедноста во патниот сообраќај, изјави Богдановска.

     Таа оценува дека со досегашната работа подобрена е соработката на полицијата со граѓаните, но и соработката меѓу институциите.

    „Има значително подобрување во она што значи нашето работење и соработката со граѓаните, нашите активности се барани, одредени проекти се бараат постојано, некои работи веќе станаа постојани, она што полицијата прва го организираше сега веќе ги бараат и училиштата, граѓаните и невладините организации, што значи дека сме видливи, запазени, транспарентни, одговорни и дека довербата од ден на ден се повеќе се зголемува, повторно би кажала дека е многу битна таа локална соработка и поврзаност на сите институции бидејќи на тој начин ние даваме навистина една голема сериозност и посветеност заеднички во таа работа“, изјави Богдановска.