Отсекот за превенција одржа состанок со претставниците на месните заедници и ЕВН
Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска одржа состанок со претседателите на месни и урбани заедници од ЕВН – Куманово, поради зголемениот број на пожари на отворено.

Како најчести причини за пожарите се палење на стрништа и друг отпад, како и старата инсталација за електрична енергија која предизвикува искрење при ветер.
На состанокот се донесени следниве заклучоци:
1.Претседатели на месните заедници веднаш да одржат состанок со месното население и укажат на внимание при работа со земјоделски машини.Комбајните задолжително да имаат ПП апарат и туби со вода;
2.Секоја месна заедница да апелира до жителите сува трева да се искоси и отстрани подалеку од куќите;
3.Куќи и викендици кои се до стрништа и шуми да направат заштитен појас околу објектите со правење бразди;
4.Сите претседатели на месни заедници имаат обврска во наредните два дена да го известат ЕВН, доколку сметаат дека има спуштени жици од струја, за да екипите го санираат дефектот;
5.Претседатели се должни да го информираат месното населени да наполнат вода во буриња и туби, затоа што од страна ЕВН и ТППЕ беше кажано дека водата се исклучува поради ризик од човечки жртви.
На состанокот присуствуваа претседателката на Советот, претставници од ЈП „Национални шуми„ Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи (ЦУК), од општина Старо Нагоричане и општина Младо Нагоричане и командирот на ТППЕ – Куманово.