Отворање на втората изложба „Ентомо-Фото Фест 2025“ во Куманово
Фото клубот „Мотус“ ја организира втората по ред Изложба на уметничка фотографија „Ентомо-Фото Фест 2025“. Настанот ќе се одржи на 24 октомври 2025 година, во Уметничката галерија во Куманово.

Оваа година, пред љубителите на фотографијата и уметноста, ќе се претстави Педро Луис Саиз Ајуриагера (MFIAP – Master) од Билбао, Бискаја, Шпанија. Тој ќе изложи 32 колор макро фотографии на тема инсекти, преку кои го прикажува нивниот фасцинантен свет, убавината, разновидноста и мистеријата што ја носат.
Изложбата има за цел преку макрофотографијата да го доближи светот на инсектите до човекот, претставувајќи омаж на соживотот и на тивкиот, сложен свет што постои покрај нас, а кој има клучна улога во создавањето и одржувањето на животот на Земјата.
Настанот се реализира со финансиска поддршка од Општина Куманово, преку Програмата за поддршка на културни манифестации за 2025 година, и е под патронат на Фото сојузот на Македонија.