×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен ден во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    19.11.2019 19:00 | KumanovoNews

     Под мотото „Светот околу нас“ денеска во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, се одржа отворен ден на кој беа презентирани граѓанските компетенции на учениците стекнати преку разновидни ученички иницијативи и проектни активности.

    Отворен ден во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    На манифестацијата присуствуваа градоначалничката Жаклина Јовановска, претседателот на Советот Јовица Јанчиќ, советникот за граѓанско образование Илир Мемеди, претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Скопје, СВР Куманово-отсек за превенција, претставници од партнер училиште „Кирил и Методиј“ с. Романовце и останати директори, наставници, родители и ученици.

    При тоа беше изведена културно-уметничка програма на која учениците ги презентираа досега спроведени активности низ процесот на учење, а во рамки на проектот за граѓанско образование.

    „Прифаќањето на овој современ концепт на настава со вклучување во заедничките активности на семејството, вработените во училиштето и другите членови на заедницата на иницијатива на учениците овозможува создавање посигурно, подобро и поефективно училиште“, - рече во своето обраќање директорката на училиштето Анета Станковиќ Јанковска.

     Како дел од активностите во училишниот двор беа засадени зимзелени и грмушести растенија: малини и капини, со што учениците дадоа свој придонес за зачувување на природата, а со тоа и за самото општество.

     Тие имаат обврска да се грижат за растенијата и редовно да ги полеваат со вода, заради развивање на свеста и грижата кон животната средина и општеството воопшто, а училишниот двор ќе биде пријатно место за престојување на учениците и целиот училишен персонал сега и за идните генерации.

    Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, заедно со  подрачните училишта во селата Челопек, Пелинце и Арбанашко брои вкупно 70 ученици.