Отворен е Ресурсен центар за помош и развој на општините
Министерството за локална самоуправа отвори ресурсен центар кој ќе им помога на Општините да изработуваат проекти и да аплицираат за добивање средства за развој на општината.
Ресурсниот центар треба да придонесе за порамномерeн регионален развој, подобри јавни услуги и посилна локална демократија.
„Градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините. Ресурсниот центар е местото кое што ги адресира потребите на општините, начините за нивно решавање, местото кое што ќе понуди експертиза за секој нов предизвик“, нагласи министерот Златко Перински.
На настанот, покрај градоначалниците, присуствуваше и премиерот Христијан Мицковски.
„Проектот има за цел да ги адресира длабоките системски предизвици – преку подобрено управување, унапредени институционални капацитети и развој на одржлива инфраструктура. Тоа не се технички реформи, тоа е визијата на држава што сака да биде модерна, функционална и ориентирана кон резултати“, истакна Мицкоски.
Ресурсниот центар ќе обезбеди поддршка која ќе гарантира зголемување на капацитетите на локалната самоуправа што ќе доведе до поквалитетни локални услуги за граѓаните.
Проектот е поддржан од УНДП и Швајцарската амбасада.

