Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До петок невработените можат да аплицираат во Агенцијата за вработување за да добијат неповратни средства за самовработување.
Државата нуди 185.000 денари за набавка на репроматеријали и регистрација на фирма. Граѓаните кои ќе добијат средства од оваа програма не смеат 4 години да се пријават како невработени, во спротивно ќе треба да вратат 80 отсто од добиената помош за некој друг да се вработи на нивно место.
Право да аплицираат имаат граѓаните кои една година се регистрирани како невработени. Можат да се вклучат невработените до 29 години, повозрасните од 30 до 49 години, поранешни вработени во сектор енергетика кои од деловни причини останале без работа, корисници на парична помош по основ на невработеност и други.
Целта е преку оваа програма невработените да ги реализираат своите бизнис идеи. Кандидатите ќе можат да посетат обуки за претприемништво, да изготват економски оправдани и оддржливи бизнис планови.